Хотелскиот бренд „Кемпински“ доаѓа во Македонија

Bez autora
Aug 29 2012

Високи претставници на реномираниот хотелски синџир „Кемпински“ денеска и утре ќе реализираат работна посета на Македонија, во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија. Од Агенцијата за привлекување странски инвестиции информираат дека ќе имаат средби со потенцијални партнери за заедничка инвестиција. Оттаму не откриваат за кои локации се заинтересирани претставниците на луксузниот синџир на хотели, неофицијално се дознава дека ќе им биде понудена локација во Скопје, близу Вардар. Овој бренд и' е познат на македонската јавност по хотелите во Бугарија, а има и по еден хотел во Хрватска и во Словенија. Брендот „Кемпински“ постои уште од 1897 година, што значи дека 115 години гради бренд на луксузно гостопримство во европски традиционален стил, истовремено почитувајќи ги културите кои се специфични за секој регион, земја и имот.

Хотелскиот бренд „Кемпински“ доаѓа во МакедонијаВисоки претставници на реномираниот хотелски синџир „Кемпински“ денеска и утре ќе реализираат работна посета на Македонија, во организација на Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Македонија.

Од Агенцијата за привлекување странски инвестиции информираат дека ќе имаат средби со потенцијални партнери за заедничка инвестиција. Оттаму не откриваат за кои локации се заинтересирани претставниците на луксузниот синџир на хотели, неофицијално се дознава дека ќе им биде понудена локација во Скопје, близу Вардар. Овој бренд и' е познат на македонската јавност по хотелите во Бугарија, а има и по еден хотел во Хрватска и во Словенија.

Брендот „Кемпински“ постои уште од 1897 година, што значи дека 115 години гради бренд на луксузно гостопримство во европски традиционален стил, истовремено почитувајќи ги културите кои се специфични за секој регион, земја и имот. Освен во Европа, присутен е во Кина, Блискиот Исток и во Африка. Кон крајот на годината ќе стартува со работа во Најроби, Кенија, во Виена, Австрија, ќе гради два хотела во Кина, а идната година на Блискиот Исток. Кемпински вкупно поседува повеќе од 72 хотела низ 31 земја во светот.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik